19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lenovo“ ги надмина очаквањата со раст од 31 проценти на профитот

„Lenovo“ ги надмина очаквањата со раст од 31 проценти на профитот

Најголемиот светски производител на персонални компјутери, „Lenovo“, ги надмина очекувањата на пазарот со 31% раст на нето профитот за кварталот, откако пандемијата на коронавирус ја засили работата на компанијата со фокус на работа од дома и дигиталното образование.

Потрошувачите кои останаа дома потрошија повеќе на персонални компјутери и други паметни уреди за забава, објави кинескиот гигант.

Нето добивката достигна 213 милиони американски долари во април-јуни, скоро двојно зголемување на проценките на пазарот, додека приходите се зголемиле за 7 проценти на 13,3 милијарди долари.

Продажбата во Кина се зголеми за 17%, додека оние во Европа, Блискиот исток и Африка скокнале за 28%. Оваа бројка во Северна и Јужна Америка опадна за 9%, под влијание на намалената побарувачка за паметни телефони во Латинска Америка и недостатокот на компоненти на „Chromebook“ во Северна Америка.

„Кинеската влада промовираше домашна потрошувачка и сигурно ќе мора да го искористиме тоа за да го зголемиме бизнисот. Резултатите од последниот квартал можат да докажат дека имаме многу силна позиција во Кина“, рече претседателот на „Lenovo“, Јанг Јуенкинг.

Тој во интервју за „Reuters“ коментираше дека во однос на побарувачката се уште има многу можности за раст во Кина, каде стапката на пенетрација на пазарот е помеѓу 20 и 30%, наспроти 70% во Соединетите држави.

Тој рече дека продажбата на „Lenovo“ двојно се зголемила од претходната година, што во голема мерка се заслужни платформите за купување преку Интернет.

„Навистина забележуваме силно закрепнување по ковид-19“, рече Јуенкинг.

Според фирмата за истражување на пазарот „Gartner“, глобалната продажба на персонални компјутери се зголемила за 2,8 проценти во април-јуни. „Lenovo“ ја задржа водечката позиција со 25% удел на пазарот, пред „HP“ и „Dell Technologies“, кои имаат удел од 24,9% и 16,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП