
И по укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.


И по укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.
Финансиската стабилност постојано јакне и за тоа клучен е придонесот токму на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем. Тој е еден од најцврстите носечки столбови на македонската економија, на којшто секогаш можат и ќе можат да се потпрат граѓаните и компаниите, и економијата во целина. Укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е влог во натамошно одржување на стабилноста на банкарскиот систем и на финансиската стабилност во целина.
Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност.
При разгледување на показателите за банкарскиот систем, во контекст на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје и ефектите врз системот, меѓу другото беа донесени следните заклучоци:
Притоа, од членовите на Комитетот беше констатирано дека со ваквите перформанси, банкарскиот систем, во секој момент може во рамки на максимумот да одговори на потребите на клиентите и ефикасно да им овозможи користење на банкарските услуги и производи, вклучително и квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – безбедност за нивните депозити.
Во завршницата на седницата на Комитетот уште еднаш беше споделена заедничката констатација дека соработката и координацијата меѓу финансиските регулатори е од исклучително значење за одржувањето на финансиската стабилност, а дека здравиот, сигурен и стабилен банкарски систем е главен стожер на финансиската и макроекономската стабилност, во којшто доверба може да имаат сите економски субјекти во земјата.