25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата ја чини глобалната економија околу 375 милијарди долари месечно

Пандемијата ја чини глобалната економија околу 375 милијарди долари месечно

Светот треба да потроши најмалку 100 милијарди долари за нови „алатки“ за решавање на пандемијата од коронавирус, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе Ројтерс.

Пандемијата ја чини глобалната економија околу 375 милијарди долари месечно, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), заснована врз информации од Меѓународниот монетарен фонд.

„ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата. Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пандемијата, рече Тедрос.

„Тоа е веќе три и пол пати повеќе отколку што потрошил светот во целиот одговор на глобалната финансиска криза“, рече тој.

Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.

„Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавките потребни за сите алатки потребни за да се стави крај на пандемијата“, додаде тој.

Скоро 20,89 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, според порталот Worldometers. Скоро 750.000 луѓе низ светот починале како резултат на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП