26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ11 суперавтомобили продадени за 3.1 милиони евра

11 суперавтомобили продадени за 3.1 милиони евра

koli

Импресивна колекција на спортски и луксузни автомобили кои му припаѓале на синот на претседателот на Екваторијална Гвинеја е продадена на една аукција во Франција за сума од 3.1 милион евра.

Автомобилите ги запленија француските власти во текот на истрагата која е водена во 2011-та година против него поради наводната проневера со средствата од јавните фондови во таа африканска држава.

На аукцијата која ја организираше куќата „Drouot“ во Париз се најдоа два автомобили „Bugatti Veyron“, „Ferrari Enzo“, „Porsche Carrera GT“, „Maserati MC12“, „Ferrari 599 GTO“, еден „Rolls-Royce“, „Aston Martin“, „Maybach“ и две „Bentley“.

Како што пишуваат медиумите сите автомобили се во одлична состојба, а повеќето од нив или воопшто не се возени или се со малку поминати километри.

Инаку овие 11 автомобили се дел од контигентот од вкупно 26 суперавтомобили кои му припаѓале на синот на претседателот Теодоро Нгуема Обианг Мангуе и се увезени во 2009-та година од САД во Франција. Остатокот од флотата  во меѓувреме заврши во Екваторијална Гвинеја.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП