19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании очекуваат опоравување од корона кризата за 11 месеци

Германските компании очекуваат опоравување од корона кризата за 11 месеци

Германските компании очекуваат дека нивното работење, по хаосот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, ќе се нормализира во просек за околу 11 месеци, покажало истражувањето на економскиот институт Ifo.

Компаниите во услужниот сектор очекуваат нивното закрепнување од корона кризата да трае 11,7 месеци, додека во градежниот сектор очекуваат тоа да трае 11,1 месеци, во секторот на мало 10,3 месеци, а во индустријата 10,1 месеци, покажало истражувањето на Ifo.

Пандемијата особено ги погоди туристичките агенции и хотелите кои очекуваат нормализација за 14,6 и 16 месеци, соодветно, а најдолго закрепнување би требало да трае во секторот за уметност и забава, скоро 18 месеци. Спротивно на тоа, секторот за безбедносни услуги се очекува да закрепне до крајот на оваа година.

„Многу компании сè уште имаат долг пат да изодат до нормалноста. Откако ќе се укинат сите јавни ограничувања, тие сепак ќе треба да се справат со нивните последици“, објаснува истражувачот од Ifo, Клаус Волрабе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП