26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако изгледа проѕирниот телевизор на „Xiaomi“? (ВИДЕО)

Како изгледа проѕирниот телевизор на „Xiaomi“? (ВИДЕО)

По повод прославата на своето десетгодишно постоење, компанијата „Xiaomi“ претставија неколку славенички уреди. Најголемо внимание привлече првиот комерцијално достапен проѕирен телевизор во светот – „Mi TV LUX Transparent Edition“.

Овој телевизор е сон на секој љубител на добриот и чист дизајн, но и на љубителите на научна фантастика затоа што изгледа како нешто од научно-фантастичен филм. Екранот речиси нема рабови, целосно е провиден кога е исклучен, а со вклучувањето станува непроѕирен и прикажува слика која изгледа како да виси во воздух.

Наместо позадински панел за осветлување, овој телевизор целиот свој погонски склоп го има во компактниот држач, што значи дека „ОLED“ екранот може да биде самостоен, проѕирен и издвоен од остатокот од електрониката потребна за да работи.

Освен проѕирниот „OLED“ панел, „Xiaomi“ во своите погони произведува и управувачки склоп „OLED Basic Module“, па така оваа компанија може самостојно да го склопува својот прв проѕирен телевизор и тоа во сериско производство.

Телевизорот има дијагонала од 55 инчи, контраст 150.000:1. „Mi TV LUX Transparent Edition“ ќе биде пуштен во продажба на 16 август, исклучиво во Кина, каде што ќе чини околу 6.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП