24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ „TUI“ забележа пад на приходите од 98,5% во последниот квартал

 „TUI“ забележа пад на приходите од 98,5% во последниот квартал

„TUI“, најголемата светска туристичка компанија, изгуби 1,1 милијарди евра приходи поради ковид-19 за три месеци до јуни. Покрај тоа, „TUI“ објави дека ја проценува можноста за постигнување оптимална структура на својот биланс, пренесува „Reuters“.

Компанијата, која ја обезбеди втората кредитна линија од германската влада во средата, соопшти дека ги продолжила одморите од средината на јуни и побарувачката се вратила, помагајќи да се зајакнат проблематичните финансии на компанијата.

Од „TUI“ соопштија дека нејзината ликвидност во моментов изнесува 2,4 милијарди евра, со што ќе може да издржи до крајот на 2021-ва година, бидејќи пандемијата продолжува да влијае на туризмот и дека се фокусира на зимската сезона, кога туристичките компаниите обично губат пари.

Извршниот директор Фриц Јансен изјави дека сè уште не знае дали на „TUI“ ќе и треба дополнителна кредитна линија, но компанијата сакаше да биде подготвена за најлошото сценарио.

Акциите на „TUI“ во Лондон изгубија 60% од нивната вредност оваа година и денеска се подолу за 1% до 364 пени.

Откако се согласи за заемот од 1,8 милијарди евра од државата во април, компанијата соопшти дека ги проценува можностите за постигнување оптимална структура на својот биланс на состојба, но не откри дополнителни детали. Компанијата очекува да се врати во нормала во 2022-ра година.

„TUI“ оствари квартална загуба од работењето (пред даноци) од 1,1 милијарди евра, при што приходите паднаа за 98,5% на 72 милиони евра во однос на добивката од 102,3 милиони евра за истиот период лани.

Компанијата соопшти дека напредува во намалувањето на трошоците потребни за да се издржи кризата. Во мај, таа предупреди дека ќе мора да скрати 8.000 работни места и да заштеди 300 милиони евра годишно.

Пандемијата продолжува да има уништувачки ефект врз туристичката индустрија. Надежите за силно закрепнување во текот на летото беа намалени од новите ограничувања наметнати од страна на Велика Британија при патувањето во Шпанија, што значи дека „TUI“ мораше да откаже повеќе туристички аранжмани.

„TUI“ соопшти дека резервациите за тековниот летен период се намалени за 81% во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП