23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапиот „Megane RS“ чини повеќе од „BMW M3“ (ВИДЕО)

Најскапиот „Megane RS“ чини повеќе од „BMW M3“ (ВИДЕО)

Популарниот блогер „Shmee150“ имаше можност да го тестира моделот „Renault Megane RS Trophy-R“ во неговата најмоќна верзија – „Nürburgring Record Pack“. Ова е најбрзиот автомобил со преден погон тестиран на легендарната германска патека, а не само што неговите карактеристики се импресивни, туку и неговата цена – 72.140 британски фунти.

Од своето деби во 1995-та година, хечбекот „Megane“ се етаблираше како семеен автомобил што привлече многу клиенти кои бараат достапен и сигурен модел. Сепак, Французите создадоа и помоќна верзија, која ја доби ознаката „RS Trophy-R“. Во овој случај, сепак, тоа е уште поголема изведба на верзијата на „Nürburgring Record Pack“.

Токму овој автомобил успеа да го тестира „Shmee150“, кој своите впечатоците ги објави на неговиот „YouTube“ канал. Ова е еден од 22-та автомобили за пазарот во Велика Британија од вкупно 500 произведени. Само два од овие 22 хечбеци се опремени со златни „Brembo“ карбонски-керамички сопирачки, што ги прави уште поретки.

Ова е една од причините за нивната висока цена – 72.140 британски фунти, кои мора да се платат за најбрзиот производствен автомобил со погон на предните тркала, кој некогаш возел по патеката „Нирбургринг“ (неговиот рекорд е 7 минути и 40,1 секунда ) За споредба, во Велика Британија за 59.905 фунти можете да го купите сегашниот „BMW M3“, кој се потпира на 3,0-литарскиот мотор со 431 ks.

Под хаубата на францускиот хечбек е 2.0-литарскиот турбо мотор со 300 ks. Додавањето на „Nürburgring Record Pack“ ја намалува тежината за 130 kg, што се постигнува благодарение на карбонските тркала и отстранувањето на задните седишта. Инженерите исто така ја намалија големината на екранот на инфозабавниот систем, а исто така го инсталираа и системот за издувни гасови „Akrapovič“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП