26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот не стивнува: За еден ден 214.000 заразени луѓе во светот, вкупно...

Коронавирусот не стивнува: За еден ден 214.000 заразени луѓе во светот, вкупно повеќе од 20 милиони!

Пандемијата од коронавирусот во светот не забавува, напротив, има зголемување на стапката на инфекција …

Во последните 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на Ковид-19, така што вкупниот број на пациенти до денес е 20,16 милиони, објави Светската здравствена организација (СЗО).

ТАСС известува дека досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа.

Најголем број потврдени случаи и понатаму се во Северна и Јужна Америка, 10,7 милиони, од кои 101.230 се ново заразени во последните 24 часа.

Досега се потврдени 3,6 милиони и 217.716 смртни случаи во Европа, а 2,7 милиони заразени и 55.564 смртни случаи во Југоисточна Азија.

Соединетите држави сè уште водат по бројот на потврдени случаи на Ковид-19, повеќе од пет милиони, а потоа следува Бразил со три милиони заразени, Индија со 2,3 милиони, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија со 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.196 пациенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП