25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПатентите за „4G“ ќе ги чини „Apple“ половина милијарда долари

Патентите за „4G“ ќе ги чини „Apple“ половина милијарда долари

Судот во Тексас му нареди на „Apple“ да плати скоро половина милијарда долари за употреба на патенти од „4G“ во „iPhone“ и други уреди. Судската порота во градот Маршал откри дека е докажано дека „Apple“ прекршил пет патенти на компанијата „Optis Wireless Technology“.

Сумата утврдена на 506,2 милиони американски долари може да биде уште поголема: поротата открила дека „Apple“ намерно ги има повредено патентите. Ова му овозможува на судијата да го удвои износот на паричната казна.

„Optis“ и нејзините партнери во случајот, „Panoptis Patent Management“ и „Unwired Planet LLC“, тврдат дека смартфоните, часовниците и таблетите на „Apple“, кои работат со „LTE“ мобилниот стандард, ја користат нивната технологија. „Apple“, кој тврди дека патентите не се валидни, вети дека ќе ја обжали пресудата, пренесува „Bloomberg“.

„Ваквите тужби од компаниите кои само пуштаат патенти за да ја вознемируваат индустријата, служат само за задушување на иновациите и штети на потрошувачите“, критикуваше „ Apple“, нарекувајќи ја „Optis“ – „патентен трол“.

„4G“, познат како „LTE“ во некои европски земји, во моментов е најшироко користената технологија за брз пренос на податоци во мобилните комуникации. Во Тексас, поротата веќе и наложи на компанијата на Тим Кук да плати 503 милиони американски долари на „VirnetX Holding Corp.“ за користење на нејзините патенти при т.н. „Virtual Private Network“. Сепак, Апелациониот суд најде грешки при пресметувањето на износот и нареди ново судење, кое треба да започне наесен.

Според „Bloomberg“, ова е прво сослушување за патенти во САД од почетокот на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП