8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Debenhams“ отпушта уште 2.500 вработени

„Debenhams“ отпушта уште 2.500 вработени

Британскиот ланец на продавници „Debenhams“ ќе намали уште 2.500 работни места бидејќи се бори со уште еден удар врз малопродажниот сектор од кризата со ковид-19, пренесува „Reuters“.

Во мај, „Debenhams“ намали неколку стотици работни места во своето седиште, а најновите отпуштања се дополнување само на оние што веќе ги најавија другите британски трговци на мало, кои ќе поделат илјадници откази, вклучувајќи ги „Marks & Spencer“, „Boots“, „John Lewis“ и „WH Smith“.

Владините бројки, исто така објавени денес, покажуваат дека бројот на вработени во Велика Британија го доживеал својот најголем пад од 2009-та година, а коронавирусот се очекува да го погоди пазарот на труд уште посилно бидејќи земјата ја стопира својата шема за заштита на работното место.

„Успешно ги отворивме 124-те продавници по блокадите, и тие веќе ги надминуваат очекувањата на менаџментот“, велат од „Debenhams“. „Во исто време, трговското опкружување е јасно далеку од нормалата и треба да се осигураме дека трошоците на продавниците ги исполнуваат реалните очекувања“.

Компанијата соопшти дека ќе ги преземе „сите неопходни чекори“ за да му се даде шанса на „Debenhams“ за подобра иднина.

Во април, „Debenhams“ ја намалуваше администрацијата по втор пат оваа година, барајќи заштита од судските постапки на доверителите за време на кризата, што може да ја испрати во ликвидација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП