7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC го претстави моделот ONE mini

HTC го претстави моделот ONE mini

mini

Тајванскиот производител на паметни телефони  „HTC“ ја претстави денеска поевтина верзија на култниот модел „HTC One“, паметен телефон кој често се опишува како најдобар телефон со оперативен систем „Android“ во моментов.

Новиот модел ќе се вика „HTC One Mini“. Уредот ќе има помал екран од 4.3 инчи (наспроти 4.7 инчи за оригиналот) и ќе ги има речиси сите софтверски и хардверски карактеристики на неговиот постар брат.

Ова се однесува и за дизајнот, кој во голема мера го разликува „НTC One“ од останатите модели од највисоката класа во моментов. За жал од страна на компанијата не прецизираа кога ќе излезе моделот на пазарот и колку ќе чини.

Експертите очекуваат тој да се појави на пазарот во август, а се очекува неговата цена да биде околу 450 евра.

Паметниот телефон е опремен со истата „UltraPixel“ камера, каква што ја има и „One“. Помалиот и нов модел нема да може да се користи како далечински управувач за телевизорот, за разлика од оригиналниот „HTC One“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП