26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHITACHI ABB POWER GRIDS официјално започна со работа

HITACHI ABB POWER GRIDS официјално започна со работа

Спојот  на комплементарното портфолио и моќноста на технологијата на Hitachi и ABB ќе обезбеди континуитет, ќе ја зајакне вредноста за клиентите и ќе обезбеди раст на можностите за новоформираната компанија.

Во согласност со договорот потпишан на 17 декември 2018 година, Hitachi и ABB објавија завршување на сите планирани активности во процесот на заедничкото вложување, со што ја формираа новата компанија Hitachi ABB Power Grids. Во новоформираниот деловен субјект, Hitachi поседува 80,1% од акциите (со деловна активност од околу 10 милијарди УСД), додека ABB учествува во преостанатиот дел. Тошиказу Нишино, кој воедно е и Извршен потпретседател на Хитачи, е назначен за нов претседател на Управниот Одбор, додека Клаудио Фашин е назначен за Извршен Директор. Примарната цел на новиот менаџерски тим на Hitachi ABB Power Grids, со седиште во Цирих, Швајцарија, ќе биде да обезбеди континуитет на бизнисот.

„Комбинацијата на водечките дигитални технологии на Hitachi и глобалните решенија за преносни мрежи ќе го олесни активното учество во глобалната трансформација и декарбонизација на енергетските системи со цел да се воспостави одржлива енергетска иднина. Со интелигентни решенија за подинамична мрежа, ние придонесуваме за постигнување на Глобални цели на ООН за одржлив развој, а особено на Целта бр.7, а тоа е да обезбедиме прифатлива, доверлива и чиста енергија”, рече Тошиказу Нишино, Претседател на УО на Hitachi ABB Power Grids.

Hitachi и ABB, делувајќи како две високо реномирани компании кои учествуваат во заедничкото вложување, имаат за цел да создадат нов глобален лидер во енергетскиот сектор, при што партнерството со Hitachi дава можност на новата компанија за развој во области како што се: мобилност, паметни градови, индустрија, складирање на енергија и дата центри. Покрај горенаведеното, таа обезбедува финансиска основа за финансирање на амбициозни проекти и обезбедува пристап до Јапонија, третата најголема економија во светот.

„Синергијата и пристапот до нови и растечки пазари обезбедени од Hitachi ќе помогнат да се пресели економската целина на преносните мрежи во следната фаза на развој, дополнително зајакнувајќи ја лидерската позиција на пазарот“, рече Тимо Ихамуотила, извршен директор на ABB и директор во УО на Hitachi ABB Power Grids, додавајќи дека „Хитачи носи долгорочна посветеност на новата компанија и истовремено го зајакнува постоечкото деловно партнерство меѓу инвеститорите“.

„Со комбинирањето на нашите технолошки снаги се отвораат нови можности на пазарот и се зголемува вредноста за клиентите“, рече Клаудио Фашин, извршен директор на Hitachi ABB Power Grids. „Ние остануваме целосно посветени на воспоставување одржлива енергетска иднина, со примена на иновативни и дигитални технологии, во својство на партнер за посилна, попаметна и позелена електроенергетска мрежа “, заклучи Фашин.

 

*******

За Hitachi ABB Power Grids

Hitachi ABB Power Grids е глобален технолошки лидер со богато заедничко наследство од скоро 250 години, во кој работат 36.000 луѓе во 90 земји. Со седиште во Швајцарија, компанијата обезбедува услуги на јавни компании, индустрија и инфраструктура како и во растечки области како што се одржлива мобилност, паметни градови, складирање на енергија и дата центри. Со докажано искуство, глобален отпечаток и водечки светски референци, Hitachi ABB Power Grids ги балансира општествените, еколошките и економските вредности. Посветена е на воспоставување одржлив развој, со примена на иновативни и дигитални технологии, што го прави идеален партнер за посилни, попаметни и „позелени„ мрежи.

Hitachi ABB Power Grids во регионот работат обединети во Балкански кластер составен од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, северна македонија и Србија.

Досегашната  директорка на дивизијата за заштита и управување и финансиски контролор Нина Дуспер Сушиќ ја презеде функцијата генерален директор на Балканскиот кластер.

По завршувањето на две магистерски студии на Сорбона, Дуспер Сушиќ ја започна својата професионална кариера во корпоративното финансирање во Франција, каде што, меѓу другото, основаше и инвестираше во фондови за обновливи извори на енергија.

Во АББ Хрватска се вработи во 2011 година како финансиски контролор и со текот на годините се стекна со искуство како директор за квалитет и реализација, директор на деловна активност и продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП