28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа клиентите од банката Intesa Sanpaolo им пристигнале мистериозни СМС пораки

На клиентите од банката Intesa Sanpaolo им пристигнале мистериозни СМС пораки

intesa21

Граѓаните кои имаат сметка во банката „Intesa Sanpaolo“ се пожалија дека им пристигнале СМС пораки, во кои ги известиле дека од нивните сметки е подигнат одреден износ на пари.

Изненадување

Граѓаните тврдат дека во времето кога „подигнале“ пари, тие всушност биле на работа, во автобус, дома….. и дека веста за извршената трансакција ја примиле со големо изненадување.

„Јас бев на работа кога добив СМС порака дека сум извршил трансакција од 100 евра. Ништо не ми беше јасно. Во моментот се сетив дека станува збор за измама и веднаш ја контактирав банката“, изјави граѓанинот кој имал проблем со својата сметка. Од друга страна, друг граѓанин се пожалил дека добил известување дека подигнал 600 евра од својата сметка, сума која била лимит на неговата сметка“.

Извинување

Според Сузана Черимагиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг, корпоративни комуникации и односи со јавноста во „Intesa Sanpaolo“ банката во БиХ, изјавила дека станува збор за грешка, при што биле испратени двојни СМС пораки до одредени клиенти кои ги користат СМС услугите на банката.

„Банката изразува жалење во врска со ситуацијата и на сите клиенти кои добиле двојни пораки ќе им испрати извинување и тие нема да бидат оштетени“, се вели во изјавата од банката „Intesa Sanpaolo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП