21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Cadillac“ го претстави првиот електричен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Cadillac“ го претстави првиот електричен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

Американскиот производител на луксузни автомобили објави фотографии од концептот „Lyriq“, како најава на идниот сериски „SUV“ модел на електрична енергија.

Кога пред десетина години „Tesla“ ја најави својата прва електрична луксузна лимузина, големите традиционални производители на автомобили не и придадоа преголемо значење на тоа.

Во меѓувреме, трендовите се променија, па сега и премиум брендовите, како „Mercedes“, „Jaguar“, „Audi“ и „BMW“, во своите портфолија имаат барем по еден продукциски електричен автомобил.

„Cadillac“ можеби доцни зад европската конкуренција во оваа смисла, но со концептот „Lyriq“ и идниот сериски „SUV“ модел на струја ќе се обидат да го надоместат изгубеното.

„Cadillac Lyriq“ е првиот автомобил на „General Motors“ кој е поставен на новата модуларна механичка платформа наменета за електричните возила.

За складирање на електричната енергија е употребена истото така батеријата на „General Motors“ со капацитет од 100 kWh, која обезбедува автономија на возење од околу 480 km, додека автомобилот може да се дополни со брз полнач со моќ од преку 150 kW.

„Cadillac“ соопшти дека идниот „Lyriq“ ќе биде достапен како со стандарден погон на задните тркала, така и со погон на сите 4 тркала, што значи дека во понудата ќе бидат верзии со еден и два електромотори.

Батериите се наоѓаат во подот на возилата и обезбедуваат речиси идеална распределба на масата по осовини од скоро 50:50.

Американскиот производител засега не објави детали за моќта на електричниот мотор кој ќе се користи во овој автомобил.

Како што велат, концептот кој имаше премиера вчера е претпродукциски прототип кој е околу 85% завршен, па поради тоа се очекуваат помали промени кога станува збор за серискиот модел кој е планиран за 2022-ра година.

Посебен куриозитет во врска со концептот „Lyriq“ e неговиот огромен дигитален екран со дијагонала од 33 инчи, кој зазема две третини од контролната табла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП