18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп решен да го суспендира данокот на заработка на сите американски граѓани...

Трамп решен да го суспендира данокот на заработка на сите американски граѓани поради короната

Претседателот на САД, Доналд Трамп е решен да го суспендира данокот на заработка на сите американски граѓани до крајот на оваа година, па најави дека ќе донесе унилатерална одлука за тоа прашање, доколку не постигне договор со демократите во Конгресот.

Ројтерс пренесува дека Трамп најавил суспендирање на данокот на заработка дури и по 2020 година, доколку тоа го бара епидемиолошката состојба во земјата, продолжена распределба за невработените и други мерки на помош од последиците од епидемијата на коронавирусот.

„Ако демократите продолжат да го опструираат овој важен план за помош, јас ќе донесам одлука во рамките на моите претседателски овластувања, така што помошта од државата ќе стигне до Американците на кои им е потребна“, рече Трамп на прес-конференција.

Тој најави извршна наредба за тоа прашање до „крајот на неделава“, без да прецизира дали тоа значеше на крај на оваа или следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП