КОМПАНИИ

Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски резултат, односно загуба од 12,65 мил. денари.

Вкупните приходи за шест месеци од 2020 год. изнесуваат 78,72 мил. денари и се намалени за 57%, додека пак приходите од продажба се намалени за 74% во однос на претходната 2019 година. Сето тоа е директна последица од  пандемијата на вирусот Ковид-19.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за првите шест месеци од 2020 год. изнесуваат 91,37 мил. денари и се намалени за 25%  во однос на 2019 година.

Негативниот финасиски резултат од работењето Друштвото го оставри во услови на прогласена вонредна состојба во Државата, поради пандемијата на вирусот Ковид-19 , како  и  согласно Одлуката на Владата за привремео затворање на сите угостителски објекти  кон која се приклучи и “Македонијатурист” АД Скопје што како последица се одрази во голема мера во  работењето на  хотелско угостителската дејност, поради откажување на сите аранжмани, затворање на границите  и аеродромите уште во почетокот на месец март во 2020 година.

Финансискиот резултат можете да го погледнете тука.