Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 1,002.02 -2.69%    KMB 7,014.77 -0.85%    MPT 69,998.51 2.6%    STIL 74.00 -2.57%    TTK 1,350.00 0%    

Се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Време: 08:43

Датум: август 8, 2020

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува збор за ризици коишто можат да предизвикаат компликации кај пациенти со коронавирус, за кои често нема лек. Сепак, останува нејасно зошто сè повеќе млади луѓе се на респиратор, дури и умираат од корона, иако немале претходни здравствени проблеми.

Во последно време се повеќе се зборува за можна „генетска позадина“, т.е. фактот дека нашата генетска ранливост може да има влијание врз тоа како некој се справува со вирусот.

Како пример за улогата на генетиката, холандскиот генетичар Александар Хојшен од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбоунд (РУМЦ) во Нијмеген наведува двајца браќа на 35-годишна возраст, кои немале други здравствени проблеми, се заразиле со коронавирусот и двајцата завршиле на респиратор.

Ранливост

„Во тој случај, веднаш се прашувате дали генетските фактори можат да играат улога“, вели Хојзен.

Тој додава дека би можело да биде случајно што и двајцата биле толку сериозно болни, но и дека може да станува збор за грешка во имунолошкиот систем.

За време на проучувањето на тие два случаи, научниците добиле извештај за уште две помлади лица од другата страна на Холандија, кои исто така завршиле на респиратор и започнале со истражување бидејќи немале семејна врска. Додека траело истражувањето, еден од нив ја загубил битката со вирусот.

За да се идентификува генетската ранливост од инфекцијата, истражувачите ги секвенцирале нивните егзоми, кои содржат делови коишто кодираат протеини во сите гени. Особено внимание тие посветиле на гените за кои се знае дека се вклучени во вродениот имунолошки одговор.

Се покажало дека четирворицата мажи имаат мутација на ген којшто во некои имунолошки клетки произведува TLR7 рецептор. Имено, TLR7 го предупредува имунолошкиот систем на инфекција, односно откривање на синџирот на РНК што ги носат некои вируси, како што е случајот со САРС-КоВ-2. Научниците исто така сметаат дека овој рецептор ги препознава и тесно поврзаните вируси на корона, како што се МЕРС или САРС. Кога се активира вирусот, рецепторот го „буди“ ослободувањето на интерферон, т.е. молекулите на имунолошка сигнализација кои учествуваат во одбраната на телото од вирусни инфекции.

Промени на ДНК

Покрај генетските тестови, истражувачите тестирале и имунолошки клетки од крвта на пациентите и нивните семејства. Се покажало дека сите имаат многу помалку интерферон како одговор на инфекцијата отколку што се очекувало. Во лабораторијата, тие користеле молекула наречена имиквимод (модификатор на имунолошкиот одговор) за да ги активираат TLR7 рецепторите со симулирање на инфекција.

Откриле дека мутацијата во TLR7 ја оневозможува нивната заштита од коронавирусот. Нагласено е дека ваквото истражување е од големо значење за можните лекови кои би им помогнале на таквите пациенти да го „подобрат“ имунитетот или да одговорат подобро.

Генетското истражување најчесто е поврзано со сериозните заболувања кај младите луѓе со Ковид-19, односно оние кај кои немало здравствен ризик што би било причина за да се појават компликации.

Во студијата објавена пред околу еден месец, во која се испитува геномот на 1.610 пациенти хоспитализирани за време на епидемијата во Шпанија и Италија, се откриени промени во ДНК кои исто така можат да влијаат на текот на болеста, иако тие се многу мали, пренесува „Јутарњи лист“.

Откриено е дека кај некои пациенти имало генетски промени што доведуваат до нарушувања на протеините хемокин коишто комуницираат со молекулите на имунолошкиот одговор. Тие обично служат за привлекување на имуните клетки во нападеното ткиво со цел да се уништи вирусот.

Научниците докажаа дека овие промени биле 1,5 пати почесто присутни кај оние пациенти на кои им бил потребен респиратор или некоја друга поддршка за дишење. Имено, мала промена во ДНК е поврзана со намалена активност на ген што помага во регулирање на хемокините.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Лековит напиток од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за чир и гастритис

    Лековит напиток од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за чир и гастритис

    Овој напиток има мноштво благодети за здравјето, но покрај тоа помага и за одржување на посакуваната телесна тежина и одлично делува на кожата. Семето од…

  • Лимон, сол и бибер! Мешавина која ги решава овие 4 важни проблеми!

    Лимон, сол и бибер! Мешавина која ги решава овие 4 важни проблеми!

    Еве што се лекува оваа комбинација… Болно грло Ослободете се од болката во грлото така што во чаша топла вода ќе помешате една лажица сок…

  • Домашен лек кој ги чисти вените, го чува срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекции…

    Домашен лек кој ги чисти вените, го чува срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекции…

    Овој природен препарат благотворно влијае на целиот организам, а многу едноставно се подготвува… Овој лек го одржува оптималното здравјето на целиот организам – ги чисти…

  • Целиот свет полуде по рецептот од две состојки кој ги отстранува мастите

    Целиот свет полуде по рецептот од две состојки кој ги отстранува мастите

    Доколку страдате од вишок масти, тогаш овој рецепт е одличен за вас… Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност зголемените…

  • Откријте ја новата Цевитана со вкус на лимон и ѓумбир

    Откријте ја новата Цевитана со вкус на лимон и ѓумбир

    Светот на вкусови на Витаминка е збогатен со уште еден нов производ. Новата Цевитана експлодира со цитрусен вкус кој е зачинет со ѓумбир, влевајќи свежина…

  • Што да се јаде по 40-тата година и да се слабее?

    Што да се јаде по 40-тата година и да се слабее?

    Четириесет годишната возраст е една од најважните граници во животот кога процесите во телото се менуваат, па затоа се препорачуваат неколку совети за намалување на килограмите. Доколку…

  • Чудо од сок: За пет дена три килограми помалку

    Чудо од сок: За пет дена три килограми помалку

    Овој сок помага при согорувањето на калории и го храни вашето тело со витамини и минерали. Освен тоа, магдоносот го подобрува варењето и исфрлувањето на…

  • Една голтка дневно прави чуда за вашиот црн дроб

    Една голтка дневно прави чуда за вашиот црн дроб

    Црниот дроб е исклучително важен орган бидејќи го презема производството на протеини во крвта, и учествува во процесот на нејзиното обновување. Освен тоа, помага во…

  • Спас за секој пушач: Природен еликсир за чистење на белите дробови

    Спас за секој пушач: Природен еликсир за чистење на белите дробови

    Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика. Бронхитисот, како и пушачката кашлица е сигурно нешто со што се…

  • Трајно отстранете ја болката во `рбетот, грбот и нозете

    Трајно отстранете ја болката во `рбетот, грбот и нозете

    Имате болки во `рбетот, грбот, па дури и во нозете, кои претежно доаѓаат од премногу седење или од голем физички напор? Престанете да се грижите,…