Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 1,002.02 -2.69%    KMB 7,014.77 -0.85%    MPT 69,998.51 2.6%    STIL 74.00 -2.57%    TTK 1,350.00 0%    

НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

Време: 21:54

Датум: август 7, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2020 година се пониски за 1,5%споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,1%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 18,5% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се пониски за 3,8% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 2,1% како резултат превземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата како што се укинување на надоместоците за електронско банкарство и ПОС терминали, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената активност на клиентите во услови на криза.

Расходите за провизии се повисоки за 1,1%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 219.090 илјади МКД и се повисоки за 74,1% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.186.857 илјади МКД и се повисоки за 2,4% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 933.070 илјади МКД и се намалени за 1,7% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 4,9%, останатите расходи од дејност се пониски за 6,8% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.6.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 453.812 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 16.223 илјади МКД.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нова програма за лојалност за физички лица од ЛУКОИЛ Македонија

    Нова програма за лојалност за физички лица од ЛУКОИЛ Македонија

    Со „ЛУКОИЛ КЛУБ“ претвори ги поените во гориво  ЛУКОИЛ Македонија воведе нова програма за лојалност за физички лица наречена „ЛУКОИЛ КЛУБ“ преку која членовите на…

  • Газдата им се заблагодари на вработените со 13 милиони фунти

    Газдата им се заблагодари на вработените со 13 милиони фунти

    Шефот на компанијата ќе подели 10 милиони фунти (12,91 милиони долари) меѓу вработените како подарок за неговото пензионирање. Подарокот од извршниот директор на „Admiral“ Дејвид…

  • Цената на акциите на „HSBC“ достигна најниско ниво во последните 25 години

    Цената на акциите на „HSBC“ достигна најниско ниво во последните 25 години

    Акциите на „HSBC Holdings Plc“ забележаа пад на нивната вреднос под нивното ниво од последната финансиска криза пред повеќе од една деценија. Притисокот врз компанијата…

  • Трамп го одобри договорот на TikTok со Oracle и Walmart

    Трамп го одобри договорот на TikTok со Oracle и Walmart

    Претседателот на САД, Доналд Трамп го одобри договорот кој ќе овозможи апликацијата TikTok да продолжи да се користи во оваа земја, благодарение на новата компанија…

  • „Carnival Cruise Line“ ги откажува патувањата на почетокот на 2021-та година и продава бродови

    „Carnival Cruise Line“ ги откажува патувањата на почетокот на 2021-та година и продава бродови

    Компанијата „Carnival Cruise Line“ ги откажа патувањата на почетокот на 2021-ва година и продаде два нејзини брода, бидејќи Ковид-19 продолжува да има огромно влијание врз…

  • „LVMH“ го даде договорот за купување на „Tiffany“ за одобрување од ЕУ

    „LVMH“ го даде договорот за купување на „Tiffany“ за одобрување од ЕУ

    Гигантот за луксузни стоки „LVMH“ го достави договорот за одобрување за купување на американската компанија за накит „Tiffany & Со.“ пред Европската комисија. Во Брисел…

  • „Caixabank“ и „Bankia“ го создаваат најголемиот доверител во Шпанија

    „Caixabank“ и „Bankia“ го создаваат најголемиот доверител во Шпанија

    Шпанските банки „CaixaBank SA“ и „Bankia SA“ го одобрија нивното спојување, со што ќе се создаде најголемиот кредитор во земјата во услови на забрзани спојувања…

  • „Snowflake“ претвори тројца шефови на компанијата во милијардери

    „Snowflake“ претвори тројца шефови на компанијата во милијардери

    Акциите на „Snowflake“ објавија сериозен пораст на својата котација на берзата, со што тројца шефови на компанијата станаа милијардери. Компанијата, која е снабдувач на технологија…

  • Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

    Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

    Рудникот САСА итно започна со санација на последиците од  краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на што на 14.09.2020…

  • Авиокомпанијата „Norwegian“ ќе ги намали емисиите на CO2 за 45% до 2030-та

    Авиокомпанијата „Norwegian“ ќе ги намали емисиите на CO2 за 45% до 2030-та

    Норвешката авиокомпанија „Norwegian“ има намера да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 45% до 2030-та година во споредба со нивото од 2010-та година. Ова…