ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2020 година вкупниот промет изнесувал 382.669.81 денари и е намален за 14,16 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 348.296.794 денари и е намалено во однос на јуни за 1,79 отсто кога изнесувало 376.561.482 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 344.870.372 денари и обврзници во вредност од 3.426.422 денари.

Блок трансакциите во јули изнесувале 34.373.025 денари и се намалени за 50,34 отсто во однос на јуни.

Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.319 и е намален за 14,68 отсто во однос на јуни кога изнесувал 1.546.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Гранит АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јули 2020 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП