28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот пред „темпирана бомба“ на банкроти

Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

Владите ширум светот се обидуваат да превземат мерки со цел да им помогнат на компаниите кои се најпогодени од ширењето на коронавирусот.

Меѓутоа, светот се соочува со „темпирана бомба“ на банкроти.

Бројот на компании кои се соочуваат со банкрот се зголеми за една третина, според студијата на групацијата за кредитно осигурување „Euler Hermes“.

Ковид-19 предизвика „темпирана бомба“, се предупредува во извештајот, кој предвидува дека бројот на банкроти ќе се зголеми за 35 проценти помеѓу 2019-та и 2021-ва година.

Осигурителната групација исто така пресметала дека просечната несолвентност ќе се искачи на највисоко ниво од 2009-та година, кога светот беше погоден од светската финансиска криза.

Најголем број банкроти меѓу водечките економии се очекуваат во САД, каде тој број ќе порасне за 57 проценти до 2021-ва година.

Во Бразил ќе биде за 45 отсто повеќе, во Велика Британија за 43 посто, а во Шпанија за 41 процент. Се предвидува дека бројот на банкроти во Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, ќе се зголеми за 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП