26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСите кинески телефони би можеле да останат без целосна поддршка за „Android“

Сите кинески телефони би можеле да останат без целосна поддршка за „Android“

Повеќе од една третина од мобилните телефони што се продаваат ширум светот ги прават кинеските производители. Најголеми меѓу нив се „Huawei“, „Xiaomi“, „Vivo“ и „Oppo“. Тие се пробија на пазарот со одлични карактеристики, но и со цена која е генерално пониска од не-кинеските конкуренти.

Ова е веројатно една од причините поради кои администрацијата на Трамп сака да ги прошири санкциите против сите кинески производители на телефони. Досега актуелен е само „Huawei“, кој ја изгуби можноста да ги користи популарните услуги на „Android“.

Во образложението се наведува дека Кина со години го ограничувала Интернетот на своите корисници, со што ги негирала западните услуги на своите граѓани, честопати без да дава причина. Сега САД планираат да направат сличен потег.

Програмата „Clean Network“ беше објавена во април годинава, како дел од напорите на администрацијата на Трамп за „заштита на приватноста на американските граѓани и компании“. Покрај забраната за употреба на американски апликации на кинеските телефони, тоа дури значи и отстранување на кинеските апликации од американската продавница за апликации.

Меѓу ваквите апликации би биле „WeChat“ и „Weibo“, кои се насочени кон кинеската дијаспора која е широко распространета во САД. Кинеската страна одговори дека нивната цензура се однесува на отстранување на порнографската содржина, насилството, коцкањето и другите нелегални активности на Интернет.

Засега е непознато кога може да се применат овие нови правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП