24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРеволуционерно Volvo!

Револуционерно Volvo!

volvo

Пред нас е еден вистински револуционерен концепт на возило. „Pure Tesnion Volvo V60 Pavillion“ е креиран од страна на „Volvo Italy“ и е победник на „Pure Volvo Pavillion“ дизајнерското натпреварување. Овој модел е развиен во соработка на неколку компании и навистина е револуционерен.

Неговата единственост се огледа во фактот дека е опремен со соларни ќелии, па така оваа своевидна обвивка околу возилото, која можете да ја видите на фотографијата, ја апсорбира соларната енергија правејќи го автомобилот подвижна станица за полнење.

Самото возило е опремено со дизел-хибриден мотор кој енергијата за погонот ја добива од соларните ќелии од кои црпат енергија. Кога возачот сака да го придвижи автомобилот може комплетната обвивка да ја спакува во компактни димензии кои му овозможуваат да се смести во багажникот на возилото.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП