Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година

Време: 12:15

Датум: август 6, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година бележи добри резултати наспроти сите предизвици на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата.

Продолжува трендот на раст на бројот на корисниците во сегментот на интернет и телевизија. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 5.177 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто, заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.

Продолжува трендот на раст на корисничката база

Расте бројот на корисниците во првите шест месеци од 2020 година. Како резултат на континуираната посветеност за поврзување на корисниците и обезбедување квалитетни услуги и во услови на пандемија, зголемена е базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет за 4,8 отсто, при што вкупниот број изнесува 207 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 4,7 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите шест месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 138 илјади претплатници.

Стабилна и квалитетна мрежа во услови на поголеми дигитални потреби

Главен приоритет на Македонски Телеком со појавата на ковид-19 пандемијата беше да обезбеди непречено поврзување на корисниците преку квалитетна и стабилна мрежа во услови на огромна побарувачка за интернет.

Досегашните преземени активности во изминативе шест месеци од годината подразбираат континуирани и дополнителни инвестиции за зајакнување на капацитетот на мрежата, со цел истовремено да се задоволат зголемените дигитални потреби на корисниците и да се излезе во пресрет на потребите и интересите на сите чинители во општеството. Покрај тоа, обезбедивме и дополнителни вредности, понуди и содржини без надоместоци за корисниците, а како одговорна компанија бевме партнер во проекти со кои општеството полесно ќе се справи со ефектите од пандемијата.
Македонски Телеком и понатаму останува посветен да обезбеди непречена комуникација и поврзување на граѓаните, давајќи свој личен придонес за доброто на сите.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Извршниот директор на шведската музичка платформа „Spotify“, Даниел Ек објави дека ќе искористи 1 милијарда евра од неговите лични средства за да инвестира во европски…

  • НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.…

  • Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Француската енергетска групација „Total SE“ ќе престане да рафинира нафта во регионот на Париз и ќе инвестира над 500 милиони евра до 2024-та година, заменувајќи…

  • 7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    Со најавата за отворање на A1 Drive-in киното на 29 септември со повеќекратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), A1 Македонија го објави и целосниот репертоар на…

  • Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    „Westpac“, една од најголемите австралиски банки, се согласи да плати рекордна казна од скоро една милијарда долари за систематско дозволување на перење пари. Компанијата денес…

  • Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор…

  • Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава…

  • ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот…

  • Девет светски познати ресторани поднесоа барање за банкрот

    Девет светски познати ресторани поднесоа барање за банкрот

    Ова е тешка година за ресторанската индустрија и љубителите на храна. Малопродажната апокалипса е во полн ек, па дури и најомилените ланци на ресторани во…

  • „Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина

    „Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина

    Водечките производители на автомобили, вклучително и „Мерцедес-Бенз“ и „Тесла“, поднесоа тужба против владата во Вашингтон во врска со царините за увоз на делови од Кина.…