23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот човек на светот продаде акции за над 3 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот продаде акции за над 3 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос, продаде акции во вредност од 3,1 милијарди долари само оваа недела, покажуваат податоците на американската Комисијата за хартии од вредност.

Претходно оваа година, Безос се раздели со акции вредни 4,1 милијарди долари, па така од почетокот на 2020-та година тој веќе има продадено акции со вкупна вредност од 7,2 милијарди долари.

Тој сè уште поседува 54 милиони акции на „Amazon“, вредни 170 милијарди долари. Ова е тоа што го прави Безос најбогатиот човек во светот.

За цела 2019-та година, Безос продаде акции за 2,8 милијарди долари. Претходно, тој најави дека планира годишно да продава акции за околу 1 милијарда долари за финансирање на неговата компанија за вселенско патување и истражување „Blue Origin“.

Минатата недела, „Amazon“ ги објави своите резултати за вториот квартал од годината, кои покажаа силен раст на продажбата и профитот на компанијата во услови на пандемијата со коронавирусот.

Растот на трговијата преку Интернет во последните месеци ги зголеми акциите на „Amazon“ за 73% од почетокот на 2020-та година, пишува „CNBC“.

Индексот на милијардери на „Bloomberg“ го проценува богатството на Безос на 190 милијарди долари, додека магазинот „Forbes“ го проценува на 189,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП