19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Facebook“ го претстави „Instagram Reels“, како конкуренција на „TikTok“

„Facebook“ го претстави „Instagram Reels“, како конкуренција на „TikTok“

Најголемата друштвена мрежа во светот, „Facebook“, официјално го претстави „Instagram Reels“, кој е нејзин одговор на популарниот „TikTok“, а кој сега е достапен ширум светот.

„Reels“ им овозможува на корисниците да креираат видео содржина во време траење од 15 секунди и да го подобруваат со различни визуелни и звучни ефекти. Корисниците ќе имаат пристап до „Reels“ услугата директно преку „Instagram“ камерата. Исто така, постои можност за преглед на „Reels“ содржините на другите креатори директно од „Explore“ табот.

Во својата најава, „Facebook“ истакна дека „Reels“ пристигнува со неколку алатки за обработка на видеата, вклучувајќи и каталог за звуци и „AR“ ефект.

„Facebook“ напоменува дека „Reels“ ќе биде достапен за сите корисници, но доколку имаат приватен профил, нивните „Reels“ видео клипови нема да се појавуваат во табот „Explore“. Исто така, покрај објавата на „Reels“ содржините на своите „feed“, корисниците можат истите да ги објавуваат и директно во делот „Stories“.

Претставувањето на „Instagram Reels“ пристигнува во вистински момент, во период кога популарната „TikTok“ апликација е во конфликт со американската администрација и е забранета во Индија. Американскиот претседател исто така се заканува со потпишување на извршни наредби за забрана на „TikTok“ во САД, а „Facebook“ со сервисот „Intagram Reels“ би можел да ја пополни евентуалната празнина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП