24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо кога доларот ќе продолжи да паѓа?

До кога доларот ќе продолжи да паѓа?

Американската валута во чекој ја следи локалната економија и во јули стрмоглаво ја изгуби вредноста. Иако во последните неколку дена е забележан одреден тренд на стабилизација (само за да се запре стрмоглавиот пад), останува прашањето кога ќе се стабилизира една од најпознатите и најсилни валути во светот.

Редиците на луѓе низ Соединетите држави кои чекаат државна помош потсетуваат на црно-белите слики од времето на Големата депресија во 1930-тите, а од март досега, околу 41 милиони луѓе аплицирале за овој вид на помош. Заради споредба, тоа е повеќе отколку што цела Полска има жители, или приближно како две СФР Југославии.

Покрај лошата економска слика, на слабеењето на доларот влијаеше и најавата на Доналд Трамп дека претседателските избори би можеле да бидат одложени заради здравствената состојба, што би било во спротивност со Уставот на САД. Ваквиот потег веројатно дополнително ќе ја разниша веќе нестабилната социјална и политичка состојба во земјата. Поради сето ова, немаше побарувачка за доларот.

Се разбира, повеќето од оние кои следат економски и финансиски текови се најмногу заинтересирани кога оваа нестабилност на доларот ќе стане минатото, односно. кога доларот ќе го запре падот и ќе се движи кон „зелената зона“.

Економските експерти проценуваат дека нема да има поголема побарувачка за американската валута во текот на месец август, па дури и ако има некои позитивни промени во вредноста на доларот, тие ќе дојдат порано затоа што ќе потоне некоја друга валута, така што повеќе луѓе ќе се свртат кон доларот, нешто како малку побезбедна варијанта.

Големото прашање е дали повторно ќе се зголеми бројот на нововработени (или оние кои повторно се вработиле), каква била состојбата во јуни и колкав ќе биде скокот во прашање. Доколку дојде до тој скок, тогаш сигурно ќе скокне доларот, но ако овој скок не се случи, тоа ќе биде уште еден силен удар за американската валута.

Да заклучиме: економските експерти ширум светот не даваат големи шанси за значително закрепнување на доларот во текот на овој месец, дури многу подобри прогнози даваат на еврозоната. Поради сето ова, можеме да очекуваме нови осцилации во однос на вредноста на американскиот долар во наредниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП