26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ralph Lauren“ започна со реструктуирањето по тешкиот квартал

„Ralph Lauren“ започна со реструктуирањето по тешкиот квартал

Компанијата „Ralph Lauren“ размислува да ја ажурира својата оперативна структура, обидувајќи се да ја избегне судбината на дел од своите конкуренти во трговијата на мало, кои не успеаа да ги издржи невидените измени во минатата сезона, пишува „Bloomberg“.

Компанијата во вторникот објави прилагодена загуба на акциите за првиот квартал, што се покажа како полоша од просечната прогноза на аналитичарите и рече дека ја оценува својата „долгорочна оперативна структура за да ја доведе во согласност со еволуираните стратешки приоритети“, со фокус на шест главни области. Тие вклучуваат начин на организирање на тимови, каде што се продаваат производи и целосното портфолио на брендовите.

Прегледот има за цел да создаде стратегии за следните неколку години, додека деловните активности излегуваат од здравствената криза, рече извршниот директор Патрис Лов.

„Уверени сме дека можеме да победиме во овој нов контекст, во следните три до пет години. Ова е можност за промена во ова опкружување ако зборуваме за ново однесување на потрошувачите и пејзажот во малопродажба“, рече тој. „Очекуваме да ги споделиме резултатите од оваа работа и нашите одлуки во текот на следните неколку месеци“.

Тековните промени ги потенцираат значајните чекори што треба да ги преземат трговците заради пандемијата, што ја влоши веќе предизвикувачката околина за потрошувачите.

Слабите набавки, вклучително и облеката, се погодени од блокадите наметнати од владите. Со мерките се принудени десетици трговци на мало да прогласат банкрот во оваа година.

Инвеститорите не се задоволни од резултатите. Цената на акциите на „Ralph Lauren“ падна за 6,8% пред почетокот на тргувањето во Њујорк.

Компанијата очекува да отвори 90 нови продавници во 2020-та година, повеќето од нив во Азија, помалку од половина дузина во Европа и само неколку во Соединетите држави.

„Прегледот ќе доведе до избор од кои области сакаме да си заминеме во кои области да влеземе“, коментира извршниот директор.

Во првиот квартал компанијата веќе презеде чекори за намалување на трошоците, вклучително и намалување на платите на директорите и ставање вработени на неплатен одмор. Тоа беше во можност да ги пренасочи кириите од своите продавници и да ги намали трошоците заради затворањето на продавниците поради ковид-19.

Сепак, „Ralph Lauren“ објави загуба од 1,82 американски долари по акција во текот на кварталот, што се покажа како полошо отколку што аналитичарите очекуваа загуба од 1,73 долари по акција. Споредбената продажба се намали за 57% и исто така не ги исполни предвидувањата.

Најголем пад имаат приходите во Северна Америка, кои паднаа за 77 проценти на 165 милиони долари. Во Европа намалувањето е за 67%, а во Азија е за 34%. Сепак, на сите три пазари има зголемување на дигиталната продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП