3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските работодавачи во паника: „Ни требаат работници од Западен Балкан“

Германските работодавачи во паника: „Ни требаат работници од Западен Балкан“

Германските работодавци ја предупредија владата на таа земја дека без поголема имиграција на работниците од Западен Балкан, компаниите нема да можат да најдат соодветна работна сила.

Според германските медиуми, Херман Шулте Хилтроп, претседател на градежната гранка на германското здружение на работодавци, предупредил дека во следните неколку години ќе се пензионираат 150.000 градежни работници и дека е сè потешко да се најде соодветно образована и обучена замена.

Тој вели дека работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но го критикуваа фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно.

„Ако изгубиме 50.000 работници годишно, што досега го стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021-ва година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што е градењето на куќи. За пофалба е што се подготвува нов закон со што „правилото е продолжено, но не можеме да разбереме зошто тој број е ограничен на 25.000, а во делот на Унијата (ЦДУ) тие дури споменуваат и граница од 15.000. Ова се работни места за кои е невозможно да се најдат квалификувани работници во нашата земја“, вели тој.

Во петокот тие се обидоа да стапат во контакт со Германското здружение на работодавци, но тие рекоа дека им е даден краток рок за одговори, поради што не можеа да го достават својот став за оваа тема.

Шулте Хилтроп вели дека стравувањата дека работниците од Западен Балкан ќе го оптоваруваат германскиот социјален систем или ќе одземаат работни места од германските работници не биле оправдани, укажувајќи на студија на германското Министерство за труд, која покажа дека досега нема никакви негативни последици во примената на правилата, туку се целосно оправдани.

Германскиот дневен весник „Rheinische Post“ истакнува дека ограничувањата се под притисок на ЦДУ затоа што стравуваат дека десничарските радикали, како Алтернатива за Германија, ќе го користат како популистичка кампања против владата.

„На секого му е јасно дека ова ограничување најтешко ќе погоди во градежништвото ако останеме без тие работници. Но, стравот од десничарскиот радикализам ги принуди коалиционите партнери во владата за компромис“, пишува весникот. Новинарот на овој весник во коментар посветен на оваа тема пишува дека е несфатлив фактот што фактите за позитивното влијание на работниците од Западен Балкан се туркаат под килимот, а наместо тоа се шират популистички невистини.

„Апсурдно е да се тврди дека овие луѓе доаѓаат тука за да користат социјални придобивки кога Институтот за пазарот на трудот докажа дека скоро никој од работниците што дошле не станале невработени“, пишува овој новинар. Во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, како што посочи, некои работодавци веќе се жалат дека одредени проекти мора да бидат запрени целосно, бидејќи не се сигурни дека ќе можат да најдат работници.

Наспроти популарното верување дека кризата со коронавирусот ќе ја намали потребата на работниците од странство, угледниот германски деловен весник „Handelsblatt“ пишува дека работодавците се жалат дека им се потребни работници од Балканот, но дека не можат да ги добијат заради ограничувања во врска со коронавирусот. „Handelsblatt“ пишува дека најкритична е ситуацијата во областа на градежништвото, медицинскиот персонал или софтверскиот инженеринг.

„Ковид-19 не го менува фактот дека нашето население старее, затоа ни се потребни негуватели, но и ИТ експерти доколку сакаме да направиме чекор напред во дигитализацијата“, изјави Даниел Терзенбах, шеф на германската Агенција за труд.

„Handelsblatt“ цитира дека од 2009-та година до денес, дури третина од германскиот бруто-домашен производ е реализиран благодарение на увезената работна сила.

Во својот текст „Handelsblatt“ ексклузивно објави студија која покажува дека стимулот што ќе следи за да и помогне на германската економија ќе покаже позитивен резултат, но дека услов е увозот на работна сила.

Холгер Шванеке, генерален секретар на Здружението на германски занаетчии, вели дека потребата за занаетчии ќе остане голема без оглед на пандемијата со ковид-19. Тој вели дека е објавена студија во февруари што покажа дека 250.000 работни места се слободни во Германија затоа што работодавците не можеле да најдат квалификувани работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП