29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет купи акции за 1,7 милијарди долари од „Bank of America“

Бафет купи акции за 1,7 милијарди долари од „Bank of America“

Инвеститорот Ворен Бафет во јули купил акции вредни 1,7 милијарди долари од „Bank of America“, пренесува „Bloomberg“.

Купувањата се реализирани преку „Berkshire Hathaway“, која веќе има удел вреден 25 милијарди долари во инвестициската банка.

Од почетокот на годината, акциите на „Bank of America“ опаднаа за 30%, но во минатата недела додадоа 4,3%, откако стана јасно дека Бафет е сè уште активен на пазарот.

Потрошените 1,7 милијарди долари за купувањето акции е еднакво на само 1,2% од слободните парични средства на „Berkshire Hathaway“.

Според податоците од крајот на претходниот квартал, Бафет располага со 137 милијарди долари.

Акциите на „Bank of America“ се рангираат на второто место во портфолиото на „Berkshire Hathaway“, пред нив се само оние на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП