20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е досега најевтинот „5G“ смартфон

Ова е досега најевтинот „5G“ смартфон

Официјално деби имаше моделот „Realme V5“, a пристигнува со две посебни карактеристики – како првиот телефон во рамките на новата „V“ серија и како најевтинот „5G“ телефон во овој момент.

Овој уред има 7nm MediaTek Dimensity 720 чипсет (две Cortex-A76 јадра и шест Cortex-A55 јадра). Tука е и 6GB или 8GB RAM, со 128GB простор за складирање и поддршка за проширување со „microSD“ картичка.

На задната страна на уредот се наоѓаат четири камери: 48MP f/1.8 главна, 8MP ултраширока со FOV oд 119 степени, 2MP макро и 2MP сензор за длабочнина. Од предната страна се наоѓа 16MP камера, сместена во „punch-hole“ oтворот во горниот лев агол на екранот. Кога сме кај дисплејот, „Realme V5“ има 6.5-инчен „LCD“ со 90Hz стапка на освежување. Сензорот на отпечаток на прстот е сместен на страната на рамката.

„Realme V5“ има и 5.000mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење преку „USB-C“ порта. „Realme“ ветува полнење на батеријата од 0 до 100% зa 65 минути. Tелефонот е опремен и со „Dolby Atmos“ сертификатот и „Hi-Res Audio“ поддршка.

Можностите за „5G“ конекција вклучуваат поддршка за „sub-6 GHz“ стандарт и работат во „SA“ и „NSA“ модовите. „Realme“ има и функција која се нарекува „Smart 5G“ која се префрлува помеѓу „5G“ и „LTE“ со цел да се заштеди батеријата и да се подобри он-лајн искуството.

„Realme V5“ пристигнува во сребрена, сина и зелена боја. Кога е во прашање цената, телефонот дебитираше во Кина како моментално најевтиниот „5G“ модел, a конвертирано од кинески јуани тој ќе се продава по цена од околу 215 долари за моделот 6GB/128GB и околу 270 долари за верзијата 8GB/128GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП