18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Saudi Aramco" тргнат од тронот, "Apple" највредна компанија во светот

“Saudi Aramco” тргнат од тронот, “Apple” највредна компанија во светот

Саудискиот државен нафтен гигант повеќе не е највредната компанија во светот, тој мораше да ја предаде титулата на американскиот Apple.

„Apple“ стана компанија со најголема пазарна вредност во петокот, по новиот раст на берзата.

Акциите на Apple пораснаа за 10,47 проценти во петокот, со што пазарната вредност на компанијата достигна 1,84 трилиони долари.

“Saudi Aramco”, којa минатата година излезе на берзата беше највредната компанија досега, сега има вредност од 1,76 трилиони долари.

Големата заработка на Apple во третиот фискален квартал, објавена во четвртокот, ја зголеми цената на акциите.

Компанијата се опорави од падот што го доживеа во март за време на пандемијата. Акциите се зголемија за повеќе од 44 проценти оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП