25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Sony“ тестира електричен автомобил (ВИДЕО)

„Sony“ тестира електричен автомобил (ВИДЕО)

Компанијата „Sony“ многумина изненади на годинешниот „CES“ претставувајќи прототип на електричен автомобил.

„Sony“ претходно имаше направено прототип со цел да ја покаже својата технологија во светот на автомобилите, па одлучија да направат сопствен автомобил кој ќе го понудат на пазарот.

Станува збор за автомобил кој има дуален мотор од по 200 kW, еден поставен на предниот, а другиот на задниот дел на возилото. Дo 100 km/h стигнува за 4.8 секунди, а максималната брзина изнесува 240 km/h.

„Vision-S“, како што се нарекува овој модел на автомобил, има 33 различни сензори кои обезбедуваат автономија во возењето, но и други опции, како што е препознавањето на луѓе внатре и надвор од него.

Пропознавањето на луѓето во возилото овозможува за секој возач автоматски да се подесат параметрите за возење, онака како што таа личност преферира. И нормално, затоа што станува збор за „Sony“, големо внимание е посветено на забавата во возилото.

Автомобилот поседува „360 Reality Audio“ со звучници во секој од потпирачите за глава, како и панорамски дисплеј на контролната табла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП