2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Caterpillar“ се подготвува за одржлив пад на продажбата

„Caterpillar“ се подготвува за одржлив пад на продажбата

Кризата предизвикана од коронавирусот ја поткопува побарувачката за големите машини на „Caterpillar“ од страна на градежните и рударските компании ширум светот.

Компанијата соопшти дека нејзините приходи во САД паднале повеќе од 40 проценти во вториот квартал, а побарувачката на крајните корисници паднала за 22 проценти. Оттаму додаваат дека очекуваат сличен пад во третиот квартал.

„Поради неизвесноста во врска со економската состојба, се одложуваат капиталните расходи“, рече Ендру Бонфлед, финасискиот директор на „Caterpillar“.

Акциите на компанијата паднаа за 3,02% на 132,70 долари пред затворање на вчерашната берзанска сесија.

„Caterpillar“ објави дека е во добра позиција да ја издржи кризата со ликвидност од 8,8 милијарди американски долари и ликвидност од 18,5 милијарди американски долари на крајот на вториот квартал.

Приходите паднаа во сите три сегменти на „Caterpillar“ – приходот од продажба падна за 37% во градежништвото на 35% во рударството и 24% во енергетиката и транспортот.

„Caterpillar“, која продава преку мрежа на независни трговци на мало, рече дека волуменот паднал за 3,9 милијарди американски долари, како одраз на контракцијата од 2 милијарди американски долари во побарувачката на крајните корисници и шокот од 1,9 милијарди американски долари во залихите на трговците. Компанијата вели дека продажбата на машини на дилерите опадна за скоро третина во светот.

Иако некои клиенти за изградба на патишта известуваа за побрза градба заради помалата фреквенција на патиштата, побарувачката од нив во голема мерка беше компензирана од другите клиенти кои ги одложуваа проектите.

Компанијата исто така забележа пониски приходи од продажба на делови во некои свои оддели и пониски приходи од услуги, индикатор дека клиентите користат помалку од нејзината опрема.

Од „Caterpillar“ велат дека ги намалиле трошоците, вклучително и преку употреба на помалку договори за привремена работа во некои од нејзините погони. Финансиската поделба на компанијата издвои 515 милиони американски долари за загуби од кредити во однос на 457 милиони долари на крајот на првата половина од годината. Компанијата соопшти дека повеќе клиенти доцнат со плаќањата, иако има договорено со нив да ги продолжат роковите и да обезбедат привремено олеснување.

„Клиентите беа во прилично добра финансиска форма кога влегоа во криза“, рече Бонфилд.

Вкупните приходи паднаа за 31 процент на 10 милијарди долари од 14,4 милијарди американски долари во истиот квартал од минатата година. Добивката е намалена за 72 проценти на 458 милиони американски долари, што претставува намалување на акциите за 84 центи од 2,83 американски долари во истиот квартал од минатата година.

Компанијата одби да ја предвиди годината, наведувајќи ја неизвесноста во врска со пандемијата и економијата.

„Ситуацијата е многу променлива, динамична. Вирусот започнува да исчезнува во една област, но тогаш започна да се враќа“, рече извршниот директор Џим Еплсби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП