28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на САД

„Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на САД

Меѓународната агенција за рејтинг „Fitch“ го намали својот изглед за кредитниот рејтинг на САД од стабилен на негативен заради влошување на јавните финансии и недостаток на кредибилен план за фискална консолидација, објави „Reuters“.

Големиот фискален дефицит и долговите, кои растат пред кризата со коронавирусот, започнаа да ја поткопуваат традиционалната кредитна моќ на Соединетите држави, соопшти агенцијата, додека го потврдуваше кредитниот рејтинг на земјата „ААА“.

„Финансиската флексибилност, потпомогната од интервенцијата на Федералните резерви за враќање на ликвидноста на финансиските пазари, не ги растерува целосно ризиците од среднорочната одржливост на долгот, со зголемен ризик американските политичари нема да ги консолидираат јавните финансии доволно за да го стабилизираат јавниот долг после шокот од пандемијата на коронавирусот“, велат од „Fitch“.

Земјата имаше најголем државен долг меѓу земјите со кредитен рејтинг на „ААА“ пред кризата со коронавирусот, се вели во информацијата од „Fitch“.

Според предвидувањата на агенцијата, вкупниот долг на владата ќе надмине 130 проценти од бруто домашниот производ до 2021-ва година.

Кредитната агенција очекува американската економија да се намали за 5,6% во оваа година, проследена со закрепнување од 4% во 2021-ва година.

„Fitch“ предвидува и стеснување на дефицитот на владата на САД во 2021-та година на 11% од БДП-та по неговото проширување на над 20% од БДП-то во оваа година.

Кредитната агенција исто така соопшти дека идната насока на фискалната политика на САД зависи делумно од претседателските избори во ноември и како резултат на собранието на Конгресот, со предупредување на „Fitch“ дека ризиците од политичка блокада може да останат.

„Веројатноста демократите да го победат републиканското мнозинство во Сенатот се префрлија во нивна корист во последниот квартал, но малку е веројатно дека ниту една од двете водечки партии ќе постигне мнозинство од 60 места во Сенатот“, велат аналитичарите на „Fitch“.

Со оглед на ова, нивниот ризик од континуирана политичка блокада, како што е политичката поларизација, може да ги ослабне институциите и да ги намали можностите за двопартиска соработка, што би ги оневозможило обидите за решавање на структурни проблеми (вклучително и некои во врска со пандемијата и протестите во земјата), но исто така со долгорочни фискални предизвици, забележува кредитната агенција.

Треба да се има предвид дека негативниот изглед за кредитниот рејтинг опфаќа подолг временски период, што значи дека Соединетите држави не се соочуваат со евентуална деградација на нејзиниот суверен рејтинг во скоро време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП