21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„TikTok“ може да стане сопственост на „Microsoft“

„TikTok“ може да стане сопственост на „Microsoft“

„Microsoft“ е во преговори да ја купи кинеската апликација „TikTok“, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на извор запознаен со оваа материја. Информациите доаѓаат во време кога Соединетите држави започнаа да се обидуваат да ја забранат употребата на платформата во земјата заради наводни безбедносни проблеми.

Купувањето на популарната апликација за споделување видео содржини ќе внесе нова енергија во рекламниот бизнис на американскиот гигант. „Microsoft“ генерира најголем дел од своите 143 милијарди американски долари годишни приходи од лиценцирање на софтвер, како „Windows“ и „Office“, како и облачни алатки на платформата „Azure“, додека рекламирањето останува послабо.

Компанијата за истражување на пазарот за рекламирање „eMarketer“ проценува дека приходот од рекламирање на „LinkedIn“, кој е во сопственост на „Microsoft“, е околу 2 милијарди долари годишно во Соединетите држави. Матичната компанија соопшти дека продажбата на реклами на деловната платформа годинава опаднала поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак, социјалните мрежи како „Facebook“ и „YouTube“ известуваат за раст на продажбата за време на вонредната состојба. Причината е што потрошувачите поминуваат повеќе време дома, забавувајќи се на Интернет и особено гледаат видеа, а рекламните огласи одлучуваат да ги следат на овие канали.

Трендовите се развиваат во услови на растечкиот регулаторен притисок врз технолошките гиганти во САД, чии апетити за нови аквизиции се повеќе се намалуваат. За разлика од „Facebook“ и „YouTube“, на пример, „Microsoft“ сè уште не се соочува со такви ограничувања.

Финансискиот аналитичар на „Wedbush“, Дан Ивс, ја опиша потенцијалната аквизиција на „Microsoft“ за „TikTok“ како „агресивна“ и „стратешка инвестиција“ што може да ја доведе американската компанија кон „нов пат за раст“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП