20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем пад на еврозоната од кога се води статистика

Најголем пад на еврозоната од кога се води статистика

Во Еврозоната, бруто домашниот производ падна за 12,1 процент во вториот квартал од оваа година, додека економијата во цела ЕУ се намали за 11,9 проценти.

Ова го покажаа првите прелиминарни проценки на европската статистичка канцеларија Евростат.

Ова е најголем пад откако европските статистичари ја следат економската активност од 1995 година.

Во првичните проценки на БДП за вториот квартал, Евростат објави прелиминарни проценки за 10 земји членки, вклучувајќи ги Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Латвија, Литванија, Австрија и Португалија.

Меѓу земјите за кои Евростат веќе собрале податоци, најголем квартален пад на БДП меѓу април и крајот на јуни е забележан во Шпанија -18,5 проценти.

За повеќе од десет проценти се намалиле економиите на Португалија (-14,1%), Франција (-13,8%), Италија (-12,4%), Белгија (-12,2%) и Австрија (-10,7 отсто) и Германија (-10,1 отсто). Најмал пад имала Литванија (-5,1 отсто).

Според европските статистичари, ова е далеку најголем пад на БДП во еврозоната и ЕУ досега.

Тие додадоа дека ова е прва проценка заснована врз нецелосни податоци, кои сепак ќе бидат предмет на преиспитување.

Еуростат на 14 август ќе објави втора проценка за економскиот развој за вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП