26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen во минус 800 милиони евра во првата половина од годината

Volkswagen во минус 800 милиони евра во првата половина од годината

Германскиот Volkswagen (VW) објави денеска дека во првата половина на 2020 година забележал оперативна загуба од 800 милиони евра (940 милиони американски долари) поради големиот пад на продажбата на автомобили поради пандемијата од коронавирус и дека ја намали дивидендата за 2019 година.

Во истиот период минатата година, VW работеше со добивка од 10 милијарди евра.

Продажбата на возила на VW групацијата во извештајниот период опадна за 23,2 проценти, додека испораките потонаа за 27,4 проценти на годишно ниво.

Намалување на дивидендата

На претстојниот годишен генерален состанок во септември, германскиот производител на автомобили ќе предложи намалување на дивидендата за 2019 година на 4,80 евра по обична акција, во однос на претходно најавените 6,50 евра.

Иако предупреди дека и понатаму остануваат предизвиците, „особено поради засилување на конкурентите, волатилноста на пазарите на стоки и девизи и построги побарувања во однос на штетните емисии на гасови“, VW остана со прогнозата дека на ниво на целата година ќе биде профитабилен.

Акциите на Volkswagen од почетокот на оваа година паднаа за 21,5 проценти, додаваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП