29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБидејќи короната му го стопи богатството, сопственикот на Zara има нов фокус

Бидејќи короната му го стопи богатството, сопственикот на Zara има нов фокус

Основачот и сопственик на модниот бренд Zara, Амансио Ортега, откако се збогати со облеката, вниманието го насочи кон недвижнините.

Компанијата на шпанскиот милијардер откри за прв пат дека неговиот имот се искачил на 15,2 милијарди евра (17,2 милијарди долари) – што му донело најголемо портфолио на недвижнини меѓу супербогаташите во Европа.

Минатата година, Ортега (84) инвестирал 2,1 милијарди евра во недвижнини преку разни филијали од својата холдинг компанија Pontegadea.

Pontegadea, која поседува 59,3 проценти од матичната компанија на Zara, Inditex, оствари нето приход од 1,8 милијарди евра за 2019 година, вклучително 1,64 милијарди евра од дивиденди на Inditex и 621 милиони евра од имот.

Ортега го диверзифицираше своето модно богатство за да го зачува вкупниот имот, инвестирајќи повеќе од три милијарди долари во американски недвижнини во последните неколку години.

Во негова сопственост се атрактивни недвижнини во Менхетен и Мајами. Минатата година, неговата инвестициска компанија се согласи на договор вреден 72,5 милиони долари за изградба на хотел во центарот на Чикаго. Тоа се случи откако купи зграда во една од централните деловни зони во Вашингтон и две деловни згради во Сиетл.

Покрај тоа што е изнајмувач на технолошките гиганти како Amazon и Facebook, Pontegadea исто така размислувада дава згради под закуп и на ривалите.

Неговото богатство сега се проценува на 58,5 милијарди долари. За време на пандемијата од коронавирус, се намали, бидејќи беше принуден да затвори повеќе од 1.000 продавници низ целиот свет. Акциите на неговата компанија оваа година паднаа за 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП