20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNEC се откажува од паметните телефони

NEC се откажува од паметните телефони

nec

Компанијата „NEC“ ќе излезе од бизнисот со паметните телефоните. Главната причина за тоа е пропадната зделка со „Lenovo“ со кои се размислуваше да создадат заедничко вложување.

Овие преговори беа објавени официјално во почетокот на минатиот месец. Според информациите од „NEC“ им понудиле мнозински удел на „Lenovo“ во мешаното друштво. На крајот кинезите се откажале од овој потег.

Ситуацијата за „NEC“ се влошува и од фактот дека дивизијата за паметните телефони е прилично во сериозна загуба. Поради оваа причина јапонската компанија беше принудена да отпушти над 7.000 вработени. Но очигледно дури и овој потег не е доволен, за да бидат намалени загубите.

Досега, „NEC“ ги продаваше своите паметни телефони на јапонскиот пазар. Но очигледно интересот за уредите опадна драстично, што доведе и до финансиските загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП