28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со одлични резултати во вториот квартал! Дали штетата од корона...

Комерцијална банка со одлични резултати во вториот квартал! Дали штетата од корона кризата ќе “удри” по банките во третиот и четвртиот квартал?

Комерцијална банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 743,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 675,1 милиони денари што претставува зголемување за 10,1%.

Значителното зголемување на добивката пред исправка на вредноста главно произлегува од зголемувањето на останатите приходи, односно приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања од клиентите Прототип ДООЕЛ Скопје и Технометал Вардар АД Скопје. Пораст бележат и нето-приходите од камата, пред сè од секторите домаќинства и држава, како резултат на зголемена кредитна изложеност. Позитивниот резултат од работењето, Банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во Државата поради пандемијата со ковид-19, при што е извесно дека и во следниот период здравствената и економската криза ќе се пролонгира и остануваат присутни ризиците поврзани со истата.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.747,4 милиони денари и бележат зголемување од 43% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2020 година изнесуваат 866,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 6,1% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, трошоци за амортизација и зголемени спонзорства и донации. Во услови на пандемија Банката направи повеќекратни улати за помош на здравствениот систем во услови на криза. Планот е остварен со 105%.

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Банката прокнижи 938 илјади денари исправка на вредност на нефинансиски средства, односно 20% од нето вредноста на преземениот имот согласно регулативата на НБРСМ.

Кризата предизвикана од Ковид- 19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз Македонската економија која е од отворен тип. Согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти веќе се видливи, и последиците врз финансискиот систем ќе се прелеат со одредено временско задоцнување.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП