23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната капитализација на Tencent ја надмина вредноста на Facebook

Пазарната капитализација на Tencent ја надмина вредноста на Facebook

Пазарната капитализација на Tencent ја надмина вредноста на Facebook по големиот раст на цената на акциите на кинеската компанија оваа година.

Вкупната вредност на акциите на кинескиот гигант за игри и социјални медиуми изнесуваше 5,15 трилиони хонгконшки долари (664,50 милијарди долари) денес околу 3:07 часот по сингапурско време.

Во меѓувреме, пазарната вредност на Facebook во вторникот изнесуваше 656,15 милијарди долари.

Tencent е познат по популарните мобилни игри, но и по лансирањето на WeChat, најпопуларната кинеска апликација за пораки со повеќе од милијарда корисници. Компанијата исто така има услуга за инстант пораки наречена QQ.

Приходите од социјалните мрежи учествуваат со околу 23 проценти од вкупната продажба на Tencent.

Вредноста на акциите на Tencent порасна за 43 проценти оваа година, за разлика од акциите на Facebook, кои пораснаа за 12 проценти.

Тој раст ја зголеми вредноста на Tencent за околу 201 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП