24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГо хакираа Ватикан: Една од најмоќните светски влади го поддржа нападот?

Го хакираа Ватикан: Една од најмоќните светски влади го поддржа нападот?

Хакери поврзани со кинеската влада се инфилтрирале во компјутерските мрежи на Ватикан, вклучително и претставник на pимокатоличката црква во Хонг Конг, соопшти денес американската компанија Recorded Future, која ги следи сајбер нападите поддржани од државите.

Компанијата изјавила дека нападите започнале во мај, објави Reuters.

Се очекуваше Ватикан и Пекинг оваа година да учествуваат во преговорите за обновување на најважниот договор од 2018 година, со кој се стабилизираат односите помеѓу Кина и католичката црква.

Recorded Future наведува во извештајот дека нападите биле насочени кон Ватикан и католичката епархија во Хонг Конг, вклучувајќи го и шефот на мисијата во Хонг Конг, кој е де факто претставник на папата Фрањо во Кина.

Во извештајот се наведува дека целите вклучуваат комуникација помеѓу епархијата во Хонг Конг и Ватикан и дека се користени слични алатки и методи, кои претходно беа идентификувани за време на кинеското хакирање поддржано од државата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин говорејќи на вчерашната прес-конференција во Пекинг изјави дека Кина е непоколеблив бранител на сајбер безбедноста.

„Кога се истражуваат сајбер-настани, важни се доказите, а не претпоставките“, изјави Ванг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП