17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на McDonald’s падна 68 проценти

Добивката на McDonald’s падна 68 проценти

На најпопуларниот светски ланец за брза храна, McDonald’s во корона кризата профитот му падна за 68 проценти во однос на вториот квартал минатата година.

Тој пад на профитот е резултат на пад на приходите од 30 проценти, што во „овој период“ изнесуваа „само“ 3,8 милијарди долари.

Синџирите за брза храна обично се шампиони на секоја криза, но не и во оваа која ја предизвика вирусот. Евтина и брза, иако не баш најздрава, овој вид храна е вообичаен избор за сиромашното население ширум светот, но вирусот ги затвори вратите на многу ресторани, особено во Соединетите Држави.

Сепак, во ерата на корона, дури и Американците почнаа да ги користат своите кујни. Во време кога САД бележат четвртина од сите заразени со корона луѓе во светот, McDonald’s сè уште го одржуваше бизнисот многу позитивно благодарение на густата мрежа на „drive -thru“ во која купувачите нарачуваат храна без да излезат од својот автомобил. На крајот, овој светски ланец за брза храна го заврши второто тримесечје со финансиска добивка од 483,8 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП