Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Човештвото на Марс технички е можно, но тоа никој не сака да го финансира

Време: 11:09

Датум: јули 29, 2020

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Роботски ровери и сонди слетуваат на Марс веќе 50 години, но кога конечно човекот ќе зачекори на Црвената Планета.

Експертите веруваат дкеа техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја донесува политиката и поради тоа иднината на колонизацијата на Марс е неизвесна.

Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно испраќање луѓе на Земјиниот природен сателит до 2024 година, користејќи ги искуствата стекнати таму како подготовка за Марс.

Најамбициозното ветување за заминување на Марс изречено во 1990 година беше од тогашниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, кој вети дека човекот ќе чекори на Црвената Планета до 2019 година, односно до 50-та годишнина од слетувањето на Месечината.

Ветувањето не го исполнија ниту Буш Постариот ниту неговите наследници.

„Сум видел можеби 10.000 графикони, табели, различни идеи за тоа како да се стигне до Марс. Но тоа никој не сакал да го финансира. Мисијата би траела две до три години“, изјавил Џ.Скот Хубард, професор на „Стендфорд“ и поранешен службеник на НАСА.

Компаниите „Спејс икс“ на Илон Маск и „Блу ориџин“ на Џеф Безос градат ракети кои се во состојба да пренесат тони материјал кон Марс.

Илон Муск предложи колонизација на Марс, така што првата експедиција ќе изгради фабрика што ќе ги претвори водата и јаглерод диоксидот од атмосферата во кислород и метан.

„Да се биде вид кој живее на повеќе планети е многу подобро отколку да се биде вид што живее на една“, рече тој во 2017 година.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

    Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

    Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во…

  • Пирло нов тренер на Јувентус

    Пирло нов тренер на Јувентус

    Андреа Пирло и официјално стана нов тренер на Јувентус. Италијанскиот фудбалски шампион вечерва потврди дека 41-годишниот Пирло потпиша договор со важност до 2022 година. За…

  • Променливо облачно, со локален дожд, грмежи и засилен ветер

    Променливо облачно, со локален дожд, грмежи и засилен ветер

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од…

  • Нови 200 заразени од Ковид-19, 15 оздравени и четири починати лица

    Нови 200 заразени од Ковид-19, 15 оздравени и четири починати лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6,…

  • „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ги зголеми своите резерви за уште 2,01 милијарди долари, откако постигна договор со малезиските власти во врска со истрагите за улогата на банката…

  • Домаќинствата од ЕУ штедат повеќе од кога и да било (ИНФОГРАФИК)

    Домаќинствата од ЕУ штедат повеќе од кога и да било (ИНФОГРАФИК)

    Стапката на заштеди на домаќинствата во ЕУ го забележа својот најголем годишен раст во првиот квартал откако се води статистика за овој показател, објави „Eurostat“.…

  • „Cadillac“ го претстави првиот електричен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

    „Cadillac“ го претстави првиот електричен „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

    Американскиот производител на луксузни автомобили објави фотографии од концептот „Lyriq“, како најава на идниот сериски „SUV“ модел на електрична енергија. Кога пред десетина години „Tesla“…

  • „Microsoft“ интегрираше „Android“ апликации во „Windows 10“

    „Microsoft“ интегрираше „Android“ апликации во „Windows 10“

    „Microsoft“ во последните месеци сериозно работи на тоа да го направи „Windows 10“ значително моќен оперативен систем со вклучени опции за секого. Овој пат, тие…

  • „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ привлече повеќе месечни претплатници отколку што се очекуваше во вториот квартал и најави дека е пред својот конкурент „АТ&Т“, а со тоа стана втор…

  • Долговите на Американците се намалија за прв пат од 2014-та

    Долговите на Американците се намалија за прв пат од 2014-та

    Долговите на американските домаќинства паѓаат за прв пат од 2014-та година, покажуваат податоците на Федералните резерви на Њујорк, цитирани од „Marketwatch“. Статистиката покажува дека долговите…