25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроблеми за авто-гигантот: Најголема годишна загуба досега

Проблеми за авто-гигантот: Најголема годишна загуба досега

Компанијата Nissan Motor проценува дека ќе забележи најголема годишна загуба во работењето во својата историја.

Додаваат дека и продажбата на возила ќе падне за 16 проценти, додавајќи дека пандемијата од коронавирус ги отежнува напорите на компанијата да направи пресврт во бизнисот.

Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија предвидува дека загубата во работењето ќе достигне 470 милијарди јени (4,5 милијарди долари), што е над проценката на консензусот на аналитичарите анкетирани од компанијата „Refinitive“, кои предвидуваат загуба од 262,8 милијарди јени, пренесува Reuters.

Ова е втора година по ред со негативен финансиски резултат за Nissan.

Компанијата соопшти дека предвидува пад на приходите од 20 проценти на 7,8 трилиони јени.

Глобалната продажба на возилата на Nissan падна за 48 проценти, на 643.000 единици, во кварталот кој заврши во јуни, при што е преполовена продажбата во Северна Америка, главниот пазар на јапонската компанија,  додека продажбата во Кина потона за 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП