25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо втор пат банкротира најстариот американски производител на оружје

По втор пат банкротира најстариот американски производител на оружје

„Remington Arms Co.“, најстариот производител на оружје во Соединетите држави, повторно до судот поднесе барање за банкрот.

Ова е втор пат во две години компанијата да се соочи со тешкотии предизвикани делумно од ограничувањата во продажбата на оружје од страна на некои трговци на мало по неколку масовни престрелки во американските училишта.

Компанијата го поднесе барањеро за банкрот во државата Алабама, информира „Reuters“.

Во изјавата на „Remington“ се вели дека средствата и обврските на компанијата изнесуваат помеѓу 100 и 500 милиони долари.

Производителот на оружје исто така поднесе барање за банкрот во 2018-та година, откако продажбата падна и компанијата не можеше да ги исполни барањата на своите доверители. Таа излезе од банкротот во истата година и веќе беше во сопственост на нејзините доверители.

Некои американски малопродавачи наметнаа ограничувања во продажбата на оружје по масовните пукања во училиштата, влијаејќи на производителите, како што е „Remington“. Пушката „Bushmaster“, произведена од „Remington“, беше користена во пукањето во 2012-та година во училиштето „Сенди Хук“ во Конектикат, во кое загинаа 20 деца и предизвика сериозна дебата за мерките за сопственост на оружје.

„Remington“ се обидува да спречи тужба поднесена од семејствата на жртвите за начинот на кој компанијата го рекламира своето оружје. Ова судење се очекува да започне во текот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП