29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално Mitsubishi го „уби“ Pajero

Официјално Mitsubishi го „уби“ Pajero

„Mitsubishi Motors“ и официјално потврди дека очекува и оваа година да биде во загуба, а со тоа ја отфрли можноста за продолжување на производството на својот иконски модел „Pajero“.

Шестиот најголем јапонски производител очекува фискалната година да ја заврши со загуба од 140 милијарди јени (1,33 милијарди долари), која завршува на 31-ви март 2021-ва година. Затоа, компанијата планира да го намали својот број на вработени, да го намали производството и да затвори непрофитабилни претставништва. Целта е да се намалат трошоците за 20% во однос на сегашното ниво во следните две години, објави „Reuters“.

Доколку прогнозата се оствари, тоа ќе биде најголемата годишна загуба за „Mitsubishi“ во последниве 18 години.

„Главниот приоритет на главните директори е го да споделат чувство на криза со работниците за да можат да ги намалат трошоците“, рече извршниот директор Такео Като.

Като потврдил дека дел од мерките за штедење предвидуваат прекин на производството на „Pajero“ во текот на следната година. Дури и фабриката Сакахоги, каде се произведува теренецот, ќе биде затворена. Севкупно, „Mitsubishi“ планира значително да го намали своето присуство во Европа и Северна Америка, ослободувајќи простор за своите партнери од алијансата „Renault“ и „Nissan“ и фокусирајќи се главно на азиските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП