Американската компанија Google ќе им овозможи на некои вработени да работат од дома до крајот на јуни 2021 година.
Тоа се однесува на вработените чие присуство во канцеларијата не е неопходно за работата која ја извршуваат во Google, пренесува Reuters.
Одлуката минатата недела ја донесе Сундар Пичаи, извршниот директор на американскиот конгломерат Alfabet, кој е сопственик на Google, по дискусијата со група директори на тој конгломерат, објави Wall Street Journal, кој беше првиот што ја објави оваа вест.
Reuters наведува дека уште неколку други компании им дозволиле на вработените да работат од дома до крајот на 2020 година, во обид да ги заштитат од пандемијата од коронавирус, додека Twitter предложи работа од дома за некои вработени на неодредено време.