16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПСМ Фондација додели грантови од вкупно 20.000 евра на најдобрите 5 бизнис...

ПСМ Фондација додели грантови од вкупно 20.000 евра на најдобрите 5 бизнис идеи

Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис, организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно 5 грантови по 4.000 евра.

Акцелераторската програма, која траеше од април до јуни 2020 година, имаше за цел за овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години, кои имаат идеја за почнување на сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја, а истата се содржеше од 5 фази:

  • Предакцелераторска програма – организирани беа 2 вебинари на теми „Генерирање бизнис идеи“ и „Решавање проблеми и бизнис канвас“
  • Подготовка на бизнис канвас – учесниците изработуваа бизнис канваси за своите идеи
  • Селекција на најдобрите бизнис идеи – 50 учесници изработија бизнис канваси и аплицираа во следната фаза, каде најдобрите 10 бизнис канваси беа избрани да преминат во следната фаза на изработка на бизнис план
  • Акцелераторска програма за изработка на бизнис план – одржани еден вебинар на тема „Изработка на бизнис план“ и одржани менторски сесии за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план
  • Бизнис план натпревар и доделување на грантови – наградени 5 најдобри бизнис идеи со по 4000 евра поддршка за почнување на бизнисот.

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија поддршка за почнување на сопствените бизниси се:

  • Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини
  • Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби
  • 19 Мотор М, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор
  • Камера Обскура, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции
  • Маткасе Дооел, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).

Активностите се спроведуваат како дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП